Крајно време е нашите еспадрили и апостолки да ги оставиме во плакарите и покрај тоа што најхрабрите од нас се уште ги носат.
Минатата есен апсолутни владетелки со модната сцена беа чизмите до глужд, а оваа сезона во игра е еден посебен елегантен модел.
Доколку ги сакате високите чизми тогаш оваа сезона дефинитивно работи за вас. Во мода се чизми кои досегаат над колената, а ако сакате да бидете во тренд, одберете модел направен од елегантен и неодолив антилоп (во црна или беж боја во зависност од останатите парчиња со кои што би сакале да ги носите).
Моделите кои се по ваш вкус одберете ги во нашата галерија!