Несоницата е нешто со што се соочуваат многу луѓе ширум светот. Некои луѓе не спијат затоа што мислат дека не им е потребно повеќе од пет часа сон во текот на ноќта, а други едноставно немаат време. Трети пак, патат од инсомнија. Како и да е, креативниот тим од „Базфид“ одлучи да му покаже на светот како недостатокот од сон се одразува на нашето лице.
Во експериментот учествувале четири луѓе, кои не спијат повеќе од пет часа во текот на ноќта. Некои од учесниците признаа дека се грижат дека во еден момент шминката ќе престане да ги прикрива знаците од ненаспиеност, а други забележале дека понекогаш наутро изгледаат постари.
За да им покажат што и` прави на нивната кожа недостатокот од сон, довеле професионални шминкери. Тие со помош на шминка се обиделе да доловат како ќе изгледаат овие луѓе за 20 години, ако продолжат да спијат како до сега.
Резултатите ги шокирале. Брчките, исушена кожа, огромни подочници и хипергиментација беа доволни да ги натераат да размислат за промена на навиката за спиење.
httpv://www.youtube.com/watch?v=okVu2GYEP2w