Невенот е долго време познат на народната медицина. Тој има противоспалителен ефект, како и способност да го убрза процесот на зараснување на раните. Невенот е особено полезен при проширени вени, изгореници и тртирање на постоперативни рани. Освен тоа делува многу ефикасно при габични инфекции на рани. При генитални габични инфекции се препорачува промивки со раствор од невен.
Невенот се препорачува и при жолтица, болести на црниот дроб, чир, воспаление на дебелото црево, крв во урината, при висок крвен притисок и како средство за смирување. Чај од невен е одлично средство при запек. Истиот раствор се дава и при глисти.
Како се приготвува растворот:
Една лажица сув невен во 250 мл врела вода, се остава 10 минути и се цеди. Чајот се пие топол без додавање на шеќер. За надворешна употреба концентрацијата може да биде поголема, 2-3 лажици сув невен.