Доста провокативен танц од руски тинејџерки – Поттикна лавина остри критики и полициска истрага

popara27 април, 20151min00
5

Провокативен танц на млади Русинки поттикна лавина остри критики и полициска истрага. Тинејџерките од школата „Кредо“ од Оренбург разлутија стотици илјади лица со непристојно „тверкање“.

Неполнолетните членки на школата беа снимени додека танцуваа на сцена во црно-портокалови трикоа и мини здолништа. Видеото „Пчелки и Вини Пух“ досега има речиси 5,5 милиони прегледувања и над 18.000 коментари. Настапот е инспириран од цртан филм.

Мнозинството гледачи се согласуваат дека овој тип танцување е непристоен и вулгарен за девојки на тинејџерска возраст и бараат одговорност од раководителите на школата. Откако видеото започна засилено да се шири на социјалните мрежи, руските власти започнаа истрага и привремено го затворија танцовиот клуб.

Директорката на школата, Викторија Јаковенко, изјавила дека родителите на девојките биле запознаени со активностите и дека од сите имала добиено дозвола. Таа и дополнила дека е изненадена од скандалот кој се крена околу танцот, бидејќи според неа, на интернет можело да се најдат и попровокативни танци.

Се смета дека девојките се на возраст од 16 години.

https://www.youtube.com/watch?v=IQbDmCKGtuU#t=101

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma