Дознаете зошто умираме пред време

popara10 февруари, 20151min00
8
Верувале или не, само мала промена на една лоша навика, за која често не сме ниту свесни, би можела на сите да ни го продолжи животот, ако ништо друго, барем за неколку години.

Нажалост, причина број еден за смртта кај многу Европјани е недостатокот на физичка активност. Студијата која е спроведена од страна на група научници од Универзитетот Кембриџ и која била посветена токму на поврзаноста помеѓу степенот на физичка активност и смртноста, заклучила дека недвижењето е почеста причина за смрт помеѓу Европјаните за разлика од гојазноста.

Во оваа студија која траела 12 години учествувале околу 300.000 испитаници од двата пола, а истражувачите за потребите на оваа студија го проценувале нивото на вежбање и обемот на половината и го бележеле секој смртен случај кај испитаниците.


– Најголем ризик од прерана смрт е забележан кај оние кои се физички неактивни и тоа подеднакво важи и за личностите кои имаат нормална тежина и оние кои имаат вишок на килограми и се гојазни, изјави еден од истражувачите, професорот Улф Екелунд.

Според изјавата на истражувачите од Кембриџ, 676.000 смртни случаеви годишно се препишуваат токму како последица поради физичка неактивност, во споредба со 337.000 кои се со последица на прекумерна телесна тежина.

Студијата потенцира дека слабите луѓе имаат поголем ризик за да се соочат со здравствени проблеми поради неактивност, додека гојазните личности кои вежбаат имаат подобра здравствена состојба од оние кои не се физички активни.


Исто така се напоменува дека физичката активност, односно вежбањето, е подеднакво важно за сите, без разлика на телесната тежина и дека само 20 минути брзо одење дневно е доволно за да се подобри општата здравствена состојба.

Стручњаците укажуваат дека болестите кои се предизвикани поради физичка неактивност и гојазност се главно исти, со исклучок на дијабетес тип 2 кој почесто се јавува како последица на гојазноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma