
Ејми Томсон од Гласгов е 16 годишна девојка која скапо ја плаќа грешката која ја направила.
Таа на 10 јуни била примена во болница, откако паднала во несвест. Две недели поминала во кома, а потоа и ја стиснала раката на нејзината мајка, која не се одвојувала од неа. Речиси три месеци подоцна, Ејми сеуште заздравува од комата, а се претпоставува дека причината е екстазата, која ја конзумирала на забавата, вечерта кога се онесвестила.
Семејството со оваа приказна сака да ги предупреди младите да не конзумираат дрога, бидејќи нивната ќерка по неколку месеци едвај зборува, а последиците од комата на долгорочен план, сеуште не се познати.