Дознавате дека дечкото на вашата другарка ја изневерува – Ќе и кажате ли?

popara3 март, 20151min00
17

Можеби ви се случило да дознете дека дечкото на вашата другарака ја изневерува. Тоа е навистина лошо чувство, особено што мора да одлучите – дали ќе и кажете или едноствано нема да се „мешате” во нивниот однос. Вакво прашање поставивме на неколку девојки, а еве ги одговорите.

Секогаш ќе и кажам таво нешто на мојата другарка, колку тоа да биде тешко. Да знаете за тоа, а да молчите, би значело дека и не сте некои добри другарки – Марија, 23

Тоа зависи од тоа колку сме блиски. На најблиската другарка секогаш ќе и кажам, но ми се случи да го „фатам“ дечкото на една моја познајничка со друга девојка. Не се потрудив да и пренесам што видов, едноставно сметав дека тоа не е моја работа – Јана 25

Не е навистина убаво да се мешате во туѓа врска, но не е и убаво да се изневерува некоја девојка. Кога дознав дека дечкото на мојата другарка се гледа со некоја друга, седнавме на кафе и се и кажав. За почеток беше во шок, потоа беше лута, па тажна, а денес токму поради тоа сме уште поблиски. Јас мислам дека навистина треба да се штитат луѓето кои ги сакаме, дури и тогаш кога знаеш дека тоа малку ќе ги повреди – Маја 21

Тоа е секогаш „зезната“ ситуација. Од една страна, чувствуваш одговорност и сакаш да и кажеш на твојата другарка што се случува, а од друга страна можеш да ја повредиш и ризикуваш дека тоа може да биде и крај на вашето пријателство. Сепак, јас секогаш сум за тоа да и се каже, ако таа се налути и тоа биде причината за крај на нашето дружење, значи дека и никогаш не сме биле пријателки – Сања 24

Што мислите вие за ова? Како ќе постапите?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag