Заљубен пар решил да направи значајна трансформација во својот изглед, за да изгледа и да се чувствува убаво на свадбениот ден. За жал, свадбата никогаш не се случила.
Шејн Грејвс и Мариса Шнел се запознале во 2007 година и биле во врска околу седум години. Заљубениот Шејн ја запросил својата 32-годишна девојка минатата година.
Во текот на годините поминати заедно и двајцата се соочувале со сериозни проблеми кои предизвикале нагло зголемување на килограмите.
Откако таткото на Мариса починал, неа ѝ била дијагностицирана мултиплекс склероза и поминала низ голема депресија. „Мислев дека животот ми заврши“ – рекла таа.
Шејн минал низ тежок развод од својата прва сопруга. Додека се борел за старателството на своето единствено дете, Шејн открил дека сопругата го лажела и дека всушност не бил биолошки татко на девојчето кое шест години го гледал како свое чедо.
Сето тоа допринело Мариса и Шејн да го занемарат својот изглед, а со тоа и своето здравје. Прекумерната тежина на Шејн му го нарушувала здравјето и тој морал да спие со кислородна маска.
„Ми треба да се смениш, бидејќи сакам да бидеш тука. Сакам да имам деца со тебе и да остариме заедно“ – му рекла Мариса. Тогаш, решителниот пар се обратил за помош во емисијата „Extreme Weight Loss“.
По 90-дневните тренинзи со лични тренери и придржување кон здрава исхрана, Мариса и Шејн решиле да поминат одредено време разделени. Мариса отпатувала со својата фамилија, а Шејн останал во Аризона. За време на тримесечната разделба, Мариса сфатила дека е посреќна без Шејн.
Пред да продолжат подготовките за свадбата, екипата од емисијата решила да им закаже средба на која партнерите ќе можат отворено да разговараат. И покрај тоа што не можел да поверува во тоа што го слуша од саканата, Шејн ѝ рекол дека ќе биде добро и дека го сака само најдоброто за неа.
Резултатите од долгото слабеење биле доста видливи. Мариса која тежела 116 килограми, ја намалила својата тежина до 76 килограми. Вагата на Шејн на почетокот покажувала 211 килограми, а потоа таа цифра била намалена до 102.