Американската актерка Дру Баримур првото филмско остварување го доби на 7 години со улога во филмот „E.T.”, но веќе на 13 години, ја почувствувала темната страна на славата кога консумирала и кокаин.
– Направив многу грешки и посакувам да можев да ги избришам и да го променам минатото – вели Дру Баримур.
Сепак, актерката признава дека имала голема среќа и дека најлошото го поминала пред појавата на интернетот, кој само дополнително би ја влошил ситуацијата бидејќи сите би знаеле што таа прави.