
Сара Конорс (28) и биолошкиот татко на детето се разделиле пред да дознае дека е бремена. Таа цврсто решила да си го роди детето и да биде самохрана мајка.

Два месеци пред да се породи го запознала Ленс преку сајт за запознавање.
Кога првпат излегле на состанок Сара била на почетокот од осмиот месец на бременоста. Веднаш почувствувале силна поврзаност. Се вериле кога детето наполнило 3 месеци, а стапиле во брак во јануари годинава.
Ќерката на Сара, Елоди, сега има две години, и Ленс го нарекува тато.
– Бев убедена дека никој нема да сака да оди на состанок со мене додека сум бремена, но се чувствував осамена гледајќи други парови со бебиња. Се приклучив на сајтот за запознавања само колку да си најдам разонода – вели Сара.

– Знам дека е невообичаено тоа да се прави во бременост но имав голема поддршка од семејството. Ако не го сторев тоа немаше да се запознаам со Ленс! Ги охрабрувам сите бремени жени кои немаат партнер, да одат на состаноци ако го сакаат тоа – може нема да го најдат човекот на својот живот, но нема да се осамени и ќе се забавуваат! – вели Сара.
Во огласот Сара напишала дека е бремена. Кога се јавил Ленс, дознале дека се соседи!
– Мислам дека беше изненаден колку ми беше голем стомакот кога ме виде првпат. Навистина си многу бремена – ми рече, но не направи голема работа од тоа. Веднаш воспоставивме близина, тој работеше ноќе, а дење ми правеше друштво. Кога се роди детето ни остави малку простор да се соземеме, а кога пак почна да доаѓа воспостави извонреден однос со бебето, дури стануваше ноќе за неа. По ништо не се гледаше дека не и е вистински татко – вели Сара.

– Кога видов дека Сара е бремена, не дозволив тоа да ни стои на патот бидејќи навистина ми се допадна и среќен сум што собрав храброст да ја поканам на состанок – вели 27 годишниот Ленс.