Џоди Марш и нејзините совети за подобар секс

popara26 јули, 20151min00
9

Откако го покори светот појавувајќи се на скоро сите насловни страници и секако, во прегратка на најпознатите фудбалери, Џоди Марш, британскиот секс симбол, одлучи да сподели неколку совети од својата долга кариера. И тоа совети за секс и се поврзано со секс, што мораме сериозно да го сфатиме бидејќи сме сигурни дека знае што зборува.

Излезете од спалната соба

“Сексот не мора секогаш да биде во спалната соба. Кога ќе се вратите од работа, кренете ја на куќниот стол. Ако е барем малку расположена, тоа ќе биде доволно.”

Обидете се со дневни игри

“Како што сексот не мора секогаш да биде во спалната соба, така не мора секогаш да биде кога е ноќ. Заведете ја преку викендот и заборавете на што и да сте планирале да правите.”

Поинаков викенд

“Мажите секогаш забораваат да флертуваат кога се во врска. Тоа можете да го исправите така што, за промена, ќе ја однесете на некое друго место, на пример во хотел и ќе глумите како прв пат да се гледате.”

Валкана игра

“Предизвикајте ја да излезе без гаќи на вечера. Допирајте ја под столот и уживајте во остатокот од вечерта и ноќта.”

Jodie-marsh1_682_1389084a

Ослободете ја дивата страна

“Ако обично сте мирни и тивки, станете диви. Земета ја, бидете вистински мажи и превземете контрола. Ако треба, заврзете ја така што ќе имате 100% контрола над неа.”

Или обратно

“Сега обратно. Ако сте по природа груб, бидете нежен.”

Секс на отворено?

“Возбудувањето дека може да бидете фатени е големо возбудување за мене. Се е дозволено се додека некој не ве забележи. Пробајте секс во автомобил, на плажа… бидете авантуристи.”

Посетете секс продавница

“Посетата на секс продавница е добар начин да го подобрите сексот, иако многу парови тоа го избегнуваат. Секс продавница не е само за вибратори и лубриканти. Таму има многу работи кои би можеле да ви се допаднат.”

Разговор

“Најважниот совет од сите. Започнете разговор за вашите фантазии и тргнете кон нив. Ако не комуницирате, никогаш нема точно да знаете што сака другата личност.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma