Џогани ги отворил вратите од својот дом за списанието „Hello“, но и душата. Освен што го покажал својот одлично уреден стан, тој раскажал и за своето детство.
-Роден сум во Миријево, во сиромашно семејство. Татко ми, мајка ми и ние девет браќа и сестри живеевме во 35 квадрати. Спиевме како сардини. Не можев да претпоставам дека еден ден ќе седам на оваа тераса. Кога децата одат на спиење, сакам сам да седам на тераса, долго да размислувам и тивко да и се заблагодарувам на судбината што беше толку дарежлива. Што имам живот што некогаш ми беше толку далечен што за него не ни сонував. Победив благодарение на желбата за успех. За успех, не за пари, и по тоа се разликував од поголемиот дел од врсниците. Денеска имам 55 години, четири деца, две жени, иако другата не е „легална“, но тоа не е без причина, хартијата дефинитивно не е гаранција за складен однос меѓу маж и жена. Со Весна сум 15 години, подолго отколку со Слаѓа, а не сме во брак. Петто дете не планирам, но ако се случи, секако ќе му се радувам, вели Џоле во интервјуто за „Hello“.