Преубавата куќа на програмерот Маркус Персон, творец на популарната игра Minecraft, претставува едно сосема нереално здание на Беверли Хилс кое остава без здив.
Персон, кој се збогатил кога на Microsoft му ја продал својата компанија Mojang за две ипол милијарди долари, без проблем платил 70 милиони долари за една од најскапите вили на Беверли Хилс.
Триесетипетгодишниот Швеѓанин така и успеал да стане сопственик на оваа луксузна вила за која се интересирале и други луѓе, помеѓу кои и еден од најбогатите парови, Бијонсе и Џеј Зи.
Персон сега поседува куќа која има осум спални соби, вински подрум, џакузи, кино сала, базен и гаража со 16 места. Освен тоа, оваа куќа има и ѕид на кој се наоѓаат дури 25 различни видови на слатки и скулптури направени од M&M бонбони, а проектирана е од страна на Брус Маковски.
На трпезариската маса има место за 24 лица, а интересно е дека Персон во својата бања има дури и златна четка за заби изработена специјално за него. Инаку, во вилата има дури 15 бањи, а секое чинело дури 5.600 долари.
https://www.youtube.com/watch?v=BvNCXTv5qb4