
Неколку странски медиуми објавија дека Исламската држава го егзекутирала хрватскиот државјанин Томислав Салопек.
Томислав Салопек од Хрватска, татко на две деца беше киднапиран на 22-ри јули во близина на Каиро.
Пред една седмица беше објавена снимка на која Томислав пред камера ги кажува своите лични податоци и објаснува дека ИС е подготвена да го размени за „муслимани кои што се заробени во египетските затвори“.
Киднапирањето на Томислав Салопек за жал заврши трагично.
