
Покрај многуте таленти, музичари, стилист и дизајнер, за кореографијата и танцот на учесниците, како и подготовки за нивните сценски изведби ќе бидат задолжени танчерите од Прима Данца.
Учесниците забрзано се подготвуваат за нивниотследен настап, а инструкторите од Прима Данца се погрижија за нивните движења на сцената.
Знаејќи го тимот на експерти кои работат со станарите од една страна, и нивниот талент од друга страна, веќе сме сигурни дека во Сабота не очекува спектакуларно шоу.
Ние со нетрпение очекуваме да видиме како ќе се претстават, а вие не заборавајте да ги следите на Алфа ТВ.




