Популарна актерка и пејачка Анџелабејби и нејзиниот избраник актерот Хуанг Сјаоминг организираа гламурозна свадбена церемонија во Шангај. Свадбата вредна повеќе од 27 милиони евра вклучуваше 3-метарска торта, холографски замок и илјадници ружи, а на неа присуствуваа 2.000 гости. Убавата невеста носеше венчаница од Диор скроена специјално за неа.
На свадбата на Хуанг и Анџелабејби, чие вистинско име е Јанг, биле прикажани фотографии од патување на младенците во Париз. Тие се заколнале на вечна љубов пред пет месеци.
На фотографиите од Париз, 26-годишната невеста носи фустан од Ели Сааб.
Големиот дијамантски прстен со кој среќниот младоженец ја побарал раката на својата избраничка има вртоглава цена од над милион евра.
Деновиве Јанг крева голема врева во светските медиуми откако се подложи на испитување за да докаже дека обвинувањата дека има пластична операција на лицето се лажни.