Емина Јаховиќ: За инает на сопругот носам мини здолништа

popara11 мај, 20151min00
5

Славната пејачка Емина Јаховиќ со својот атрактивен изглед мами многу воздишки кај припадниците од машкиот пол, а за српските медиуми изјавила околу што најчесто се кара со својот сопруг, турскиот пејач Мустафа Сандал.

Емина изјавила дека на нејзиниот сопруг му пречи тоа што таа носи премногу кратки здолништа. Пред неколку дена Емина на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира во црвен мини фустан со непристојна должина, и иако многумина го пофалиле нејзиниот изглед, таа вели дека сепак не му дозволува на сопругот тој да и ја одбира облеката.

– Мустафа воопшто не се меша во мојот избор на гардероба, само инсистира фустаните кои ги носам да не бидам премногу куси – изјавила пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag