Емотивната прва средба на сираче со Даунов синдром и семејството кое го посвојува

popara27 јули, 20151min00
6

Првата средба на девојче со Даунов синдром и семејството кое го посвојува нема да ве остави рамнодушни.

Шестгодишната Луси речиси цел живот живеела во сиропиталиште. Пред неколку дена таа пристигнала на аеродром во Хјустон, Тексас, за да ги запознае своите нови родители. Силната прегратка на Луси со новата мајка Одри Шук ќе ви го стопли срцето.

„Здраво! Здраво! Јас сум мама!“ – ѝ вели Одри на Луси во видеото. Малото девојче веднаш го повторува зборот „мама“.

Брент и Одри Шук се запознале во средно училиште и отсекогаш сакале да посвојат дете од Кина. Брачните партнери кои веќе имаат пет свои деца, се заљубиле во Луси откако виделе видео во кое таа танцува и пее.

 

„Отсекогаш ги сакав децата со посебни потреби, особено децата со Даунов синдром“ – изјавила Одри.

Семејството Шук веќе го има започнато процесот за посвојување на Луси.

 

Погледнете го видеото со кое Луси ги освои срцата на семејството Шук…

https://www.youtube.com/watch?v=RhD-rErFPik

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma