Водителката Антонија Блаќе го покажа својот нов имиџ и совршената фигура во првата емисија во живо на популарното музичко талент шоу X-фактор.
Но, за да го постигне тој изглед, водителката мора напорно да вежба. Таа својот Инстаграм профил објави фотографија од теретана на кои е без шминка.
-Ја обожавам теретаната и мислам дека е неоснован женскиот страв дека со тегови може да се стане гломазен, од тегови можеш само да се намалиш. Ако не стигнам да одам во теретана, секогаш носам патики со себе и барем јаже за вежбање. А тоа можам и во хотел да го извежбам. Здраво се хранам, секој ден подготвувам смути од зеленчук и овошје. Таков тип сум. Се до крај. Кога вежбам – вежбам. Кога се забавувам, се забавувам. Објавувам фотографии на Инстаграм со хаштаг #LjetoBezPare и #AkoMoguJaMozesITi затоа што сфатив дека на жените им треба подршка во вежбањето и исхраната, а тоа веќе стана едно мало движење, вели Антонија.