Двејн Џонсон (43) овој период го промовира својот најнов филм „San Andreas“ во кој ја толкува главната улога. За таа цел тој гостуваше во неколку емисии меѓу кои и во шоуто на Џими Фалон каде донесе фотографија за да покаже како изгледал на 15 години.
Неколку членови од семејството на Џонсон се занимавале со борење, па некако му било предодредено и тој во одреден период од животот да се занимава со тоа. Подоцна тој започна да се појавува во филмови и сега е познат како акциона ѕвезда.
Двејн зборуваше за периодот од својот живот кога се преселил во САД и сменил неколку училишта.
Кога ќе видите како изгледал на 15 години ќе ви стане јасно колку лесно се издвојувал од останатите 🙂