Својата исповед за тоа како ја пронашла оваа прекрасна метода, Али Гонзалес ја раскажа вака:
„Сè започна недела дена пред венчавката на мојот најдобар пријател. Тогаш мојот замор и нервозата достигнаа критична точка. Никако не можев да заспијам. Сè поради тоа што морав да смислам говор. Мојата срамежливост и нервозата не ми дозволуваа да спијам. После три дена несоница и грижа за венчавката што следи, побарав совет од мајката на невестата. Таа ми предложи една метода, која требаше да успее. Јас ѝ поверував, бидејќи таа жена долго време држи часови по медитација и има лиценца за вршење медицинска практика. Што да кажам, нејзиниот совет ми го промени животот!“
Најдобро е да ја запомните оваа техника како „4-7-8“. Еве што треба да направите…
Техника за брзо заспивање 4-7-8Сместете се во лежечка положба, нека ви биде удобно и топло.
- Затворете ги очите и вдишете длабоко низ носот. Вдишувањето со полни гради треба да трае 4 секунди.
- После ова, задржете го воздухот во градите 7 секунди.
- На крај, започнете полека да го испуштате воздухот низ устата во траење од 8 секунди.
- Потоа, повторете ја целата процедура 4-7-8.
Додека го правите ова, може да ги броите секундите во себе и со тоа да ја следите постапката на дишење.
Толку е едноставно. Оваа вежба за дишење го намалува срцевиот ритам и смирува. Покрај тоа, делува брзо – по само неколку повторувања. Иако изгледа како бесмисленост, навистина делува.
Како делува?
„Не можев да дочекам да ја испробам оваа ‘шега’ во пракса. На мое потполно изненадување, се разбудив следното утро. Дури не сфатив дека не сум ги изброила оние 8 секунди за издишување после второто повторување. Еве што дознав за тој ефект:
Кога чувствувате стрес, загриженост или анксиозност, количината на адреналин во крвта расте, а дишењето станува плитко и забрзано. Методата која ми ја кажа оваа жена делува како седатив. Задржувањето на здивот со особено бавно издишување го забавува срцевиот ритам. Тоа е физиологија.
Исто така, оваа метода го смирува вашиот ум. Само затоа што постојано мора да броите во себе и да бидете сконцентрирани на дишењето. Во тој момент вие не го сфаќате тоа, но вашиот нервен систем полека ќе се смири, а чувството на загриженост ќе исчезне. Тоа ќе ви го каже секој невролог. Како резултат на тоа, цело ваше тело ќе се опушти. По брзината и силината оваа метода е слична како анестезија.“
Со изучување на оваа техника се занимавал докторот по медицински науки на Харвард, Ендру Вејл. Тој утврдил дека методата „4-7-8“ неколку века им е позната на индиските наставници по јога. Тие ја користеле при медитација за постигнување потполна релаксација. Па, може да заклучиме дека е потполно безопасна.
Ако се разбудите во текот на ноќта или долго размислувате пред спиење, или сте нервозни поради некој настан што следи, користете ја методата ‘4-7-8′. Ќе ви биде од голема корист.
Доктор Вејл препорачува да ја практикувате методата секој ден по двапати за да ја усовршите и да бидете во можност да ја искористите секој пат кога ќе ви биде потребна.
Обидете се, нема да зажалите!