Еве како реално изгледа ангел од Victoria’s Secret

popara23 јуни, 20152min00
12
Алесандра Амбросио моментално е во Бразил и ја снима сапуницата „Verdades Secretas“. Моделот стана актерка и во пауза од снимањето одлучила да ужива на плажа.

34-годишната убавица се соблекла во бикини и уживала на плажа. Изгледала одлично, иако многумина чекале мускули од ревија на Victoria’s Secret. Амбросио покажала вистинска женска фигура, која не е резултат на напорни тренинзи и течни диети.


Манекенката облекла дводелно бикини кое покажало дека таа нема затегнат задник и дека има целулит на бутовите, како и мозолчиња на позадината.
 


Значи, жени доколку сакате тело како ангел од Victoria’s Secret, знајте дека тоа не е невозможно затоа што дури и манекенките, кога не се на ревија или не снимаат едиторијали, изгледаат како обични женски битија, а не како модели од вселената.

Исто така, со овие фотографии се чини дека се потврдија неодамнешните гласини дека манекенката вградила силикони во градите.

Но, Алесандра Амбросио не се грижи за гласините и се чини дека е на добар пат да ја промени кариерата.

Минатата недела се појавила во серијата и тоа во многу провокативни секс-сцени кои ги снимила со колегата Ломбарди. Оваа серија е нејзиното актерско првенче, а почнала да се прикажува во мај.