Постојат неколку работи во вашиот живот (не станува збор за храна!) кои треба да ги исфрлите доколку сакате да имате рамен стомак.
#
За да имате рамен стомак, треба да се откажете од цигарите. Мислењето дека со помош на цигари се слабее е изум на тутунската индустрија. Лекарите истакнуваат дека нема никаква врска помеѓу цигарите и слабеењето.
#
Исфрлете го и алкохолот. Покрај високата калоричност, алкохолот често предизвикува и прејадување. Откажете се од пивото, сетете се дека од алкохолот едноставно се дебелее и дека вишокот килограми и маснотиите многу тешко ќе ги отстраните, а ќе морате и напорно да вежбате. Па, вреди ли алкохолот за сето тоа?
#
Можеби ќе ви звучи чудно, но доколку сакате вашиот стомак да биде рамен како „писта“ вие морате да мислите позитивно и редовно да се одмарате. Научниците покажаа како стресот ги покачува процесите кои го зголемуваат таложењето на масните ткива, и тоа најмногу на половината, задникот и колковите. Лекот е само еден – добро расположение без разлика на сите потешкотии и предизвици што ги имате во животот.
#
Еден поприличен важен факт за рамниот стомак е и држењето. Подигната брада, рамен грб, рамениците повлечени наназад.. сето ова помага многу стомачните мускули да работат поинаку. Пазете на вашето држење и од вашиот голем стомак може да остане само едно слабо и бледо сеќавање.