Социјалните мрежи станаа многу важен дел од нашите животи и живееме во време каде многу информации од приватниот живот делиме со други луѓе кои никогаш во живо не сме ги запознале.
Во животот всушност најдобро е да бидете свесни кои ви се вистински пријатели кои искрено се интересираат за вас. Затоа за некои ова задирање во приватноста е можеби премногу напорно, па неретко се среќаваме со луѓе кои го кријат својот роденден на Фејсбук. Еве што се случува кога нема да го откриеме својот роденден на најпопуларната социјална мрежа на светот.
1. Луѓето на кои им значите сами ќе се сетат кога ви е роденден
Обично кога на профилот се гледа роденден, веќе од 12 часот започнува бомбардирањето со честитки и пораки. Сепак, оние кои вистински ве познаваат и им значите, ќе се сетат на вашиот роденден и без социјалните медиуми, а ќе се изненадите дека тоа можат да бидат луѓе со кои долго не сте разговарале затоа што немаат Фејсбук. Убаво е да знаете дека некому сте му паднале на памет и без потсетник на Фејсбук.
2. За својот роденден ќе правите нешта кои ги сакате
Кога ви се исклучени нотификациите на Фејсбук, ќе поминете помалку време на оваа социјална мрежа. Ако никој на Фејсбук не ви честита роденден, тој ден сигурно нема да го проверувате телефонот или компјутерот и ќе правите нешта кои навистина ги сакате.
3. Ќе избегнете краткотрајна среќа
Роденденските честитки на Фејсбук можат да ве усреќат на неколку секунди, но ако тој ден се видите со луѓето кои навистина ги сакате, тоа многу повеќе ќе ве исполни.
4. Ќе ја зајакнете својата поврзаност со реалниот свет
Кога ќе се препуштите на модерните технологии, губите конекција со реалниот живот. Ако давате премногу значење на тоа како другите ќе реагираат на вашиот роденден на Фејсбук и на тоа кој ви честитал, а кој не, никогаш нема да бидете целосно среќни. Сепак, кога ќе заборавите на сето тоа и ќе се препуштите на реалноста, ќе бидете исполнети во целост.
5. Повеќе ќе се цените себе си
Кога ќе се одлогирате од социјалните мрежи, ќе се видите себе си со други очи. Ќе ги цените нештата кои навистина се важни, а не колку пријатели на Фејсбук ви честитале роденден.