
Џон од Мајами има 40 години, за себе вели дека е прилично згоден и дека е добар “улов”. Сепак, тој годишно троши 100.000 долари на жени, а ова е неговото објаснување зошто.
Тој вели дека не станува збор за проституција, бидејќи не ги наоѓа девојките на улица, туку едноставно ги запознава. “Се гледам со девојки на кои им е потребна финансиска стабилност. И јас им помагам во тоа. Најверојатно исто би правел и да сум оженет”, раскажа Џон за американскиот магазин “Men’s Health”. Џон признава дека не би го правел тоа доколку сексот не е вклучен во “играта”.
Ако вам се уште не ви е јасно зошто Џон им дава пари на девојките, тој тврди дека така работите се поедноставни. “Да сум во нормална врска би морал да размислувам за многу работи, вака знам каква е ситуацијата. И тие девојки знаат зошто сум со нив”.
Овој маж вели дека моментално се гледа со неколку девојки и дека некои од нив уште на првиот состанок си го бараат својот “џепарлак”, додека некои не се толку отворени. “На една од девојките со која се гледам и давам 1.000 долари секој пат кога ќе се видиме”.
Џон вели дека се случува девојките да му бараат повеќе пари од што им дава, но тогаш едноставно престанува да се гледа со нив. Со девојките кои ги плаќа Џон не излегува на состаноци, што на почетокот му било чудно, но како што вели, подоцна се навикнал на тоа.
“Иако можеби така изгледа, јас не сум секс машина. Се случувало дури и кога сум мислел дека сум заљубен во една од девојките кои ги плаќам, но сум сфатил дека само физички ме привлекува”.
Она што малку му пречи во ваквиот однос е што нема спонтаност, бидејќи се се знае однапред. “Со секоја од девојките се гледам 2-3 пати месечно, но нема многу комуникација меѓу нас кога се гледаме. Тоа ми беше чудно на почетокот, бидејќи претходно бев во нормални врски, каде размислуваш за тоа што таа сега мисли, дали ја добила мојата порака… Со овие девојки го нема тоа и се се сведува на тоа да ми испратат порака: Сакаш ли да дојдеш?”.
Со оглед на тоа дека на секоја девојка и плаќа 1.000 долари за посета, а се гледа со неколку истовремено, уште и им купува подароци, Џон троши околу 100.000 долари годишно на жени. “Не гледам на тоа како на порок или зависност, за мене тоа е начин на социјализација”.