Можеби сте забележале дека згодните девојки се многу често сингл. Зошто? Бидејќи токму она што ја прави личноста неодоливо привлечна е воедно и она што ја прави “незгоден” материјал за врска
Па така, девојките кои се секси…
…имаат силна личност. Сексапилот и благата природа многу ретко одат рака под рака.
…се лојални кон своите пријатели. Суперсекси девојката нема да ги заборави своите пријателки само затоа што во нејзиниот живот се појавил маж, а на мажите тој факт главно не им се допаѓа.
…врската не ја доживуваат како приоритет. И унапредувањето на работа ќе го прослават со излегување со пријателките.
…се нескротливи. И уживаат во својата слобода.
…не мислат дека е животен стил да се “скрасиш”.
… и не би можело помалку да им е гајле за она што околината го очекува од нив во однос на бракот, децата, кариерата.
И последната причина (која можеби е и единствената вистинска) – мажите ретко се осмелуваат да им пријдат. Бидејќи се толку прекрасни што сите претпоставуваат дека се веќе зафатени.