Оваа фотографија го заобиколи светот и успеа на кучињата да им го спаси животот. Кала и Кеира се две напуштени кучиња кои биле сместени во азил и чекале да дојдат на ред за еутаназија.
Неколку минути пред Кеира да оди на еутаназија, Кала ја прегрнала и не ја пуштала.
Фотографијата била објавена на Фејсбук страницата на една организација за заштита на животните и набрзо го заобиколила светот.
Голем број луѓе биле подготвени да ги вдомат овие кучиња и така да им го спасат животот. Тоа и се случило на крајот…