Силви ван дер Варт повеќе пати е прогласувана за жена на фудбалер, а кога ќе ги видите овие фотографии ќе ви стане јасно зошто.
Иако повеќе не е во брак со фудбалерот на репрезентацијата на Холандија, Рафаел ван дер Варт, Силви и понатаму подеднакво го привлекува вниманието на медиумите.
По разводот Силви си го врати своето моминско презиме, Меис а се врати и на старата работа.Повторно застана пред објективот на фотоапаратот и на радост на машкиот дел од публиката повторно рекламира долна облека.
Убавата Холанѓанка повторно позира во заводливи пози за брендот Hunkemolle.Неколку фотографии од кампањата ги постави и на својот Инстаграм профил.
Инаку германските медиуми погодуваа дека причина за развод на бракот е кавгата и шамарот кој Рафаел и го удрил на својата сопруга и тоа пред сите на прославата за Нова Година на една приватна забава.Сепак, изгледа дека Силви го оставила минатото зад себе и тргнала понатаму…А тоа се гледа…Мажи таа е вистински рај за очи!