
Фиби е 43-годишна актерка, која се обидува да успее во Холивуд уште од нејзината 19-та година, но тоа не ѝ оди од рака.

Таа снимила 17 филмови, но ниту еден од нив нема доживеано комерцијален успех, со оглед на тоа што се работи за Б продукција.

И покрај тоа, Фиби дава сè од себе за да им биде интересна на папарацо фотографите, кои обожуваат да ја следат.

Причина за тоа е тоа што оваа актерка нема проблем со покажување на своето тело, па често јавноста ја чести со разголени фотографии.

Иста ситуација се случила неодамна во Лос Анџелес, кога Фиби влегла во една продавница и секоја комбинација која ја пробувала, потоа им ја покажувала и на папараци фотографите на влезот од продавницата.

За крај ги почестила и со гол задник, откако ветерот ѝ го подигнал фустанот. Без сомнеж уште ќе слушаме за Фиби Прајс.