Фотографијата од 23 годишната манекенка од Холандија, Имре Стиекема, која се појави на Instagram и на Facebook профилите на компанијата Bugaboo предизвика прилично бурни реакции во јавноста. На фотографијата е документиран моментот додека таа во одлична форма и во бикини, трча буткајќи ја количката Bugaboo со својот син.
Фотографијата била замислена да биде инспирација за мајките ширум светот, но многу од нив се почувствуваа навредени бидејќи како што велат, фотографијата прикажува нереална слика за мајчинството.
„Да, сите ние трчаме по улица во бикини. Реално оваа мајка на себе би требала да има хеланки и маичка со траги бебето што бљуцкало“ – напиша една корисничка на социјалните мрежи.
Други жени ја пофалија формата во која се наоѓа моделката, но сепак се согласуваат дека рекламата е целосно нереална.