
Светската тенисерка број 1 Серена Вилијамс објавила фотографија од одморот во Тексас, но фановите веднаш забележале еден детаљ поради кој ја обвиниле дека користи Фотошоп.

Славната тенисерка моментално се одмара со телевизиската ѕвезда Колтон Хејнс и една пријателка, а со фотографијата која ја објавила на Инстаграм сакала да покаже дека одлично се забавува.

И додека многу фанови ѝ доделиле комплименти на сметка на нејзиниот изглед, други забележале дека фотографијата изгледа како да е фотошопирана во пределот на половината од Серена. Затоа, ја обвиниле дека ја обработила фотографијата за да изгледа потенка.

Инаку, Серена, која наводно е во врска со популарниот рапер Дрејк, требаше да учествува на тениските турнири во Пекинг и Сингапур, но се откажа за да се одмори и да закрепне од повредата. Сепак, судејќи по овие фотографии, и на одморот е активна.