Француска чоколадна торта

popara10 мај, 20151min00
4

Колку и да се трудам вкусот нема да можам да ви го доловам, затоа припремете ја и уживајте во неверајотниот вкус на чоколадата.

Потребни состојки:

–      140 гр маргарин

–      140 гр шеќер

–      ванилин шеќер

–      6 јајца

–      140 гр мелени ореви или лешници

–      3 реда чоколада – вашата омилена

–      една лажица какао

–      рум

 

За филот:

–      125 гр путер

–      125 гр шеќер во прав

–      ванила

–      3 реда чоколада

–      една лажица какао

–      2 јајца

 

Подготовка:

Со миксер пенесто изматете ги маргаринот, ванилата и шеќерот. Додајте ги една по една жолчките, матејќи се додека смесата не се изедначи. Потоа додајте го какаото и растопената чоколада, а на крајот лешниците или оревите. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека додајте ја смесата во чоколадната смеса. Ставете го и румот. Во калап за печење ставете масло, а потоа и брашно па сипете ја смесата и ставете ја да се пече во загреана рерна на 250 степени. Печете 10 минути, а потоа намалете ја температурата на 200 и печете уште 15-20 минути. Филувајте кога тестото ќе биде потполно изладено.

За филот:

Пенесто изматете ги путерот, шеќерот во прав, ванилата па додавајте ги една по една жолчките, потоа какаото, растопената чоколада и рум. Пенесто изматете ги белките и додајте ги во чоколадниот фил. Филот ставете го во фрижидер да се излади, а потоа филувајте го тестото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag