Мажите брзо губат интерес за жената што лесно ќе ја освојат

10 мај, 20150
24

Дали некогаш сте се запрашале зошто мажите брзо губат интерес за жената што лесно ќе ја освојат? Во еден момент живеете во бајка, во следниот момент таа бајка се претвара во ваш хорор.

Секако дека имаме право да изгубиме интерес за некој за кој се испоставило дека не ни одговара или поради посесивност, љубомора, глума, лаги… Но што ако жената била совршена цело време, а тој сепак изгубил интерес?

Причината речиси секогаш е иста – страв од обврски. Во вакви ситуации вистинското прашање е што не е во ред со мажот, а не со жената. Некои мажи успеваат да го надминат стравот и да станат онакви мажи за кои жените сакаат да се омажат, додека оние другите остануваат мажи какви никоја жена не би ги посакала за сопруг, а ни некоја мајка за зет. Таквите мажи едноставно не сакаат да ја изгубат слободата и не сакаат да се лишат од возбудата што им ја носи освојувањето на нови трофеи. Токму затоа, жената што лесно ќе ја освојат, набрзо им станува неинтересна, бидејќи веќе се увериле дека можат да ја имаат. Тогаш започнуваат со следно освојување и се така, се додека постојат заинтересирани жени за тоа.

Што би можела жената да направи?

Жената мора колку што се може побрзо да го избрише овој маж, како никогаш да не постоел! Жената мора сама пред себе да си признае дека овој маж нема никогаш да биде она што таа посакува – стабилен маж и кандидат за сериозна врска.

Дали некогаш ќе свати дека таа е вистинската жена?

Не! Едноставно, без лажни надежи, жената треба да престане да се самосожалува, треба да сврти нова страница во животот и да даде шанса на некој кој заслужува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit