Според извори блиски до компанијата, Samsung се подготвува да биде првиот производител на светот што ќе вгради 4K екран во мобилен уред, поточно во новиот Galaxy Note 5…
Дел од конкурентите, на пример LG, веќе се фокусирани на 3K екраните, но се очекува Samsung да отиде чекор подалеку и да го имплементира првиот UltraHD 4K екран со резолуција од неверојатни 3840 x 2160 пиксели, на големина од 5,9 инчи. Со тоа, ќе се добие густина на пиксели од 748 ppi (pixels per inch), со што овој екран ќе ги сруши сите рекорди на пазарот. Samsung би го постигнал ова со имплементација на дијамантска матрица на пиксели, наместо стандардната RGB матрица.
Компанијата ќе презентира и заоблена верзија од двете страни на овој екран во Galaxy Note 5 Edge, кој ќе биде со големина од 5,78 инчи. Samsung во минатото го презентираше својот план за екраните на мобилни уреди, каде што се предвидува дека во 2015-та ќе добиеме 4K екрани.
Новиот Galaxy Note 5 сеуште е во рана фаза на развој и засега немаме дополнителни информации. Дали сметате дека ни се потребни 4K екрани на мобилните телефони?