
Упорноста на еден Германец го довела Бундестагот на суд. Германија ќе мора да ги објави тајните документи кои се однесуваат на истраги за можен вонземски живот на Земјата, одлучи судот врз основа на едно барање на граѓанин на таа земја, Франк Реитемејер.
Откако таков извештај за прв пат спомена организацијата Exopolitics Germany која се занимава со НЛО, Реитемејер одлучил да поднесе тужба против Бундестагот.
– Сакам да ги знам фактите, и ми смета што во Франција, Англија или САД, граѓаните можат да ги видат документите за НЛО, а ние во Германија не сме информирани за ништо, рекол пред судот кој одлучил дека има право да добие увид во материјалите класифицирани како тајна.
Од Бундестагот најавија дека ќе се жалат на повисок суд, но дали тоа го прават бидејќи нешто навистина кријат?