Ги критикувате другите? Јасен знак дека не се сакате себе си!

popara4 октомври, 20151min00
13

Колку е фина! Тој е фантастичен пријател! Денес изгледаш прекрасно! Кој зборува вака за блиските и познатите и при тоа е искрен, е среќен човек, човек задоволен од себе си.
Ова го тврди Дастин Вуд, психолог во универзитетот Форест во Северна Калорина. Начинот на кој ги прифаќаме (гледаме) другите, говори многу за нашата сопствена личност, убеден е тој.
Вуд направил истражување, каде секој учесник требало да опише три лица, кои ги познава. Од тоа каков опис дале за другите, психологот можел да извлече заклучок за тоа колку се самите тие задоволни, колку се умствено и социјално здрави и прилагодени тие луѓе (испитаниците).
Колку попозитивно гледаат на другите, толку се посреќни, подобри и емоционално постабилни самите учесници, вели Вуд.
И обратно – оние кои се изразуваат негативно за останатите и гледаат во нив претежно негативни квалитети, често се нарцисоидни и асоцијални. Оној што самиот поседува лоши карактерни особини, ги проектира иститите во другите. Дури само тенденцијата да ги перцепираш другите негативно покажува, дека ти си депресивна личност, односно личност склона кон психички растројства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag