
Еден Американец се сетил како на вистински начин да го казни синот, кога слушнал дека станал силеџија и дека малтретира деца во средно училиште.

Тимоти Робертсон како казна на синот му изрекол будење во 4:30 часот секое утро и да направи 50 склекови, тоа е само една од четрите ставки на казната. Силеџијата исто така ќе мора да истрча една милја откако ќе ги направи склековите, а потоа ќе му помага на таткото околу уредувањето на дворот во наредните два часа. Неговиот син потоа ќе мора да им се извини на жртвите кои ги малтретирал во школото и тоа пред целиот клас, а својот срам ќе го објави на Фејсбук.
– Ова се случува со децата кои се силеџии. Јас не трпам такво однесување, а од 4:30 часот сабајле мојот син ќе дознае што се случува кога малтретираш други луѓе без причина. Ве молам да ја споделувате оваа фотографија за да ставиме крај на ваквото однесување секаде. Ништо нема да се промени ако не завземеме став за ова. Потребно е само еден човек за да крене револуција, напиша Тимоти.