
Убавата 21-годишна аргентинска „црна вдовица“ преку Фејсбук со провокативни фотографии мамела непознати мажи на „дружење“, по што ги дрогирала и ги ограбувала нивните станови.
Аргентинската измамничка, Софија Давила, на својот профил на Фејсбук поставувала сопствени фотографии во провокативни пози, за да привлече непознати мажи на кои им предложувала состаноци.
Меѓутоа, кога се сретнувале во живо, 21-годшната девојка од Буенос Аирес ставала дрога во нивните пијалаци, чекала да се онесвестат, а потоа ги ограбувала нивните станови.
Една од жртвите на Софија, Диего Ескаланте, раскажал како го измамила „црната вдовица“.
– Се запознавме преку Фејсбук. По две недели допишување ми предложи да се најдеме. Заминавме во хотел и одлично се забавуваме, па кога ми предложи да се најдеме повторно, воопшто не се посомневав во нејзините намери – рекол Диего.
„Следниот пат се најдовме во мојот стан. Ми кажа дека со себе носи алкохолен пијалак, па двајцата се напивме од истиот. Набрзо, откако го испив пијалакот, се онесвестив“, раскажал Диего.
„Кога се освестив, нозете и рацете ми беа врзани, а двајца мажи од мојот стан го изнесуваа телевизорот и другите технички уреди“, го опишал Диего своето шокантно искуство.
По изведената измама, Давила самата заминала во полиција и ја пријавила кражбата, со тврдење дека двајца мажи ја истерале од станот и дека таа не можела да ги спречи.
Сепак, таа им била сомнителна на полицајците, бидејќи веќе имале неколку пријави од мажи кои биле ограбени, по ноќ мината со жена која ја запознале на интернет. Го имале и нејзиниот опис, па одлучиле да ја задржат и да ја испрашаат.
По сослушувањето Давила признала дека завела, а потоа и ограбила повеќе од 15 мажи.
Аргентинските медиуми пишуваат дека Давила, која работела како претставник на една куглана, признала дека била принудена да краде поради долгот кој го имала кај својот дилер на дрога.
