На секоја од нас барем еднаш ни се случило да дадеме шанса на маж за кој знаеме дека не ни се допаѓа доволно или воопшто. Ова се најчестите причини за тоа:
1. Згоден е
Нема врска што моментално се што работи во животот е да оди во теретана.
2. Сакаш да го преболиш бившиот
Клин со клин се избива, за тебе важи и во љубовниот живот. Очигледно.
3. Досадно ти е
Сите твои пријателки се зафанати и имаат се помалку слободно време, па барем имаш некоја занимација во текот на неделата.
4. Осамена си и депресивна
Односно, ти треба малку внимание за подигнување на самодовербата, а мажите секогаш најмногу се трудат на почетокот.
5. Не бараш ништо сериозно
Иако сакаш еден ден покрај себе да имаш квалитетен партнер, моментално си во фаза во која само сакаш добро да се забавуваш и ништо друго.