Жена од Саудиска Арабија го фатила на дело својот сопруг додека ја изневерува со собарката, сето тоа успеала да го сними, а видеото подоцна го објавила. Сега ѝ се заканува затворска казна!?
Изневерената и разочарана жена, тајно го снимила својот сопруг и видеото го објавила на социјалните мрежи. Поради тоа, ѝ се заканува затворска казна до една година според законот за објавување на одмазднички снимки во Саудиска Арабија, пренесува “Russia Today”.
На снимката може да се види како маж во традиционална саудиска облека на секој можен начин „ја напаѓа“ собарката.
https://www.youtube.com/watch?v=IqU9_dGgU0E