
Кога, ако не сега? Тоа е како лек за мојата душа, додека стојам пред новата фаза во животот, рекла Кора. Освен тоа што се соблекла за “Playboy”, таа ги зголемила и градите.
38-годишната Кора Шумахер започнала нова фаза во својот живот. Пред еден месец се разделила со 39-годишниот Ралф Шумахер, а разводот го прославила со фотографирање за германското издание на Playboy.

“Кога, ако не сега? Тоа е како лек за мојата душа, додека стојам пред новата фаза во животот”, рекла Кора. Понуди добивала и претходно, но на Ралф не му кажувала ништо.

Парот бил во брак 13 и пол години, а една од причините поради која се разделиле е фактот што Ралф повеќе од времето минувал со својот брат Михаел.

Покрај тоа што се соблекла за списанието, Кора ги зголемила и своите гради, пишува германски Bild. Изгледа дека ова е шок за нејзиниот поранешен сопруг Ралф. Нивниот 13-годишен син Давид ќе продолжи да живее со својата мајка.
https://www.youtube.com/watch?v=gW8am1YCiUM