Го продал велосипедот за да игра “Дота 2“: Денес е милионер

popara13 август, 20151min00
9

16-годишен Пакистанец Сумаил Хасан стана најмладиот играч на eSport сцената, а за да го финансира своето играње на Дота 2 турнирот морал да го продаде својот велосипед.

Инаку DotA 2 The International е огромен eSport турнир кој имаше награден фонд поголем од 18 милиони долари додека пресметките на екипите ги следеа илјадници фанови во живо и милиони преку live streaming.

На турнирот кој во изминативе неколку денови ги собра на едно место најдобрите светски DotA 2 играчи, триумфираше американскиот тим “Evil Geniuses”.

Рекордниот “DotA 2 The International” имаше награден фонд поголем од 18 милиони долари, а победничкиот тим меѓусебно ќе подели по 6,6 милиони долари.

Ова беше и прва победа за тим кој доаѓа од САД, а момците од тимот “Evil Geniuses” во финалето го совладаа кинескиот тим “CDEC”.

Учесниците Fear, PPD, Aui, Sumail и Universe ќе заработат по 1,3 милиони долари, а од сите нив, најмногу се издвојува приказната на младиот Хасан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma