Гога Секулиќ: Отсекогаш сум била најдобра риба на естрадата!

popara24 декември, 20151min00
5

Познатата пејачка Гога Секулиќ има високо мислење за себе и тоа не го крие од јавноста. Задоволна е што успеала да ослабе и да ја врати витката линија, па како што самата признала, самодовербата не и недостасува и смета дека сега е добра риба.

Одсекогаш сум била најдобра риба на естрадата. На почетокот од кариерата бев слабичка, дури и претерано. Најубаво изгледав во 2006. година кога имав интензивни тренинзи. Сега на сите им делувам поубаво, бидејќи сум позрела. Ослабев и важно се чувствувам убаво. Доѓаат комплименти од сите страни. И од мажи и од жени – вели Гога и додава дека девојките не и се додворуваат директно, бидејќи јасно им дала до знаење дека сака само мажи.