Големите мудрости на Буда

popara7 март, 20151min00
15

Едноставната вистина која се крие во зборовите на Буда отсекогаш била инспирација за милиони луѓе во светот, без оглед на нивната религија.

Мудроста која Буда ја оставил зад себе е пат кон среќа и живот исполнет со вистинските вредности.

Ви претставуваме дел од неисцрпната мудрост на Буда.

„Она што сме денес доаѓа од нашите вчерашни мисли, а нашите денешни мисли го градат утрешниот живот. Нашиот живот е креација на нашиот ум”.

„Подобро е да се победите себеси, отколку да победите во илјадници битки. Тогаш победата ќе биде ваша. Нема да можат да ви ја одземат ни ангели, ни демони, ни пеколот, ни рајот”.

„Само две грешки човек може да направи на својот пат кон вистината. Да не го изоди патот до крај, или воопшто да не тргне на пат”.

„На патувањето наречено живот верата е храна, доблесните дела се засолниште, мудроста е светлината на денот, а свеста е заштита од темнината. Ако човекот живее чист живот, ништо не може да го уништи”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *