Грав со сос од домати

popara12 февруари, 20151min00
7

Рузмаринот се мие, се цеди, се вадат игличките и се сечкаат. Лукот се чисти и се сечка на тркалца. Лимонот се мие со врела вода, се цеди и половина од кората се ренда ситно. Гравот се мие во цедилка и се остава да се исцеди. Сосот од домати се загрева со рузмаринот, лукот и кората од лимонот и медот. Се додава гравот и се остава непокриен да динстува на средна температура околу 20 минути. Лимонот се сече на половина, се исцедува сокот од едната половина, босилекот се чисти, се цеди, ливчињата се сечкаат и се додаваат на се уште врелиот грав и се зачинува со сол и црн бибер.

За подобар вкус: Ќе биде уште позагреано со 1-2 чили пиперки – убаво измијте ги и отстранете го семето, исечкајте ги на ситно и се готват заедно со доматите.

Состојки:

1 гранче свеж рузмарин (или 1 лажица сув рузмарин)

3 чешниња лук

1 лимон

2 конзерви бел крупен грав или пак домашен

1 лажица мед

1 китка босилек, сол, црн бибер и основниот рецепт за сос

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma