42-годишниот супермодел Хајди Клум веќе не зборува со шифри за односите со Вито Шнабел. Убавицата си призна сè.
На роденденот на Вито, кој наполни 29, таа одлучи јавно да му ја изјави љубовта.
“Те сакам, Вито!”, Напиша Хајди под фотографијата со Шнабел на својот профил на Инстаграм.
Двајцата одлучија да го поминат празникот во француското одморалиште Сен Тропе.Во друштво на свои блиски тие направија забава на јахта, возеа водни скии и уживаа еден со друг.
Хајди Клум и Вито Шнабел почнаа да излегуваат во февруари минатата година, набргу откако моделот потврди дека се разделил со својот пријател и поранешен телохранител Мартин Кристен.