Хејли Болдвин: Најатрактивната млада ѕвезда во Холивуд

popara18 јуни, 20152min00
18
Хејли Болдвин, ќерката од Стивен Болдвин и внука на Алек Болдвин, од ден во ден станува сè поубава и позаносна. Младата ѕвезда на модата и социјалните мрежи, папраците ја следат во чекор, па така неодамна ја сликале на базен во Мајами.


Хејли се занимава со моделинг, неодамна наполнила 18 години, а тој посебен датум го одбележала со краток филм за магазинот „Love”. На тие фотографии, атрактивната убавица се појавила разголена.
 


Во познатото семејство Болдвин има уште една убавица. Ајрланд Болдвин, ќерката на Алек Болдвин и Ким Бејсингер, како својата братучетка гради успешна манекенска кариера. Сепак, според многумина, Хејли според убавината е пред Ајрланд.
 

 


Наследничката на Стивен Болдвин е позната и по нејзиното пријателство со Кендал Џенер и младиот пејач Џастин Бибер, со кој медиумите ја доведуваат во романтична врска. Се чини дека допрва треба да очекуваме многу успеси од Хејли, но според тоа со кого се дружи, и скандали.
 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *