Хороскоп: Дали сте себични, тврдоглави или егоистични?

popara12 февруари, 20152min00
8

Дали сте во состојба да направите сè за еден добар оброк? Дали знаете да се лутите за неважни ситници? На добро познатите, традиционални пороци им додадовме уште некои и ги анализираме од астролошки агол.

И покрај тоа што традицијата и воспитувањето не учат дека пороците се слабости и дека е неопходно да ги надминеме, факт е дека и малите и големите пороци го збогатуваат животот и му даваат некаков посебен зачин. Замислете на момент колку досаден би бил светот ако беше исполнет со совршени битија, кои никогаш не грешат, не претеруваат во ништо или никогаш не ги пречекоруваат границите.

Многу повеќе од доблестите (кои често предизвикуваат завидливост), пороците можат да не направат “човечни” во очите на другите, а можат и да не научат да ги толерираме туѓите недостатоци. Всушност, многу добро е познат фактот дека една и иста постапка, гест, односно – однесување може да биде протолкувано како грев, невина навика,исконски нагон, потреба, па дури и како доблест – во зависност од тоа кој ги набљудува и проценува.

7moresinsDM1003_468x351

Овен (гнев)

(“Без противник , снагата венее” – Сенека)

Имајќи во предвид дека вашиот примарен владетел е Марс, од вас не се ни очекува да се однесувате како ангелчиња. И тогаш кога другите реагираат со насмевка, безопасна шега или милозлив поглед – вие пристапувате со напад. Во потрага по динамика, често имате некој непријател кој треба да го победите, некоја пречка која треба да ја надминете, неправда против која се борите, некој послаб кој сакате да го заштитите…

Во спротивно, се чувствувате како да не учествувате во животот во прво лице. Ве обвинуваат дека сте агресивни и импулсивни. Вие одговарате дека потиснатиот гнев предизвикува психосоматски проблеми. Вие всушност на таков начин се ослободувате од напнатоста. А, после секоја бура се чувствувате уште посилно.

Бик (ненаситност)

(“Убавите работи во животот се или незаконски, или неморални, или дебелат” – О. Вајлд)

Дали се сметате за хедонист кој храната ја доживува за едно од најголемите задоволства во животот? Тоа е заслуга и вина на вашата владетелка – Венера. Во најтешките моменти, вие во храната пронаоѓате сила, сигурност, утеха и задоволство. Вие јадете и тогаш кога сте вљубени и кога сте сами и напуштени; јадете за да ја победите нервозата, ама и за да прославите некој добар исход. Од сите можни пороци, вашиот е општествено најприфатлив, па дури се смета и за израз на културата, друштвеноста и здравјето. Без двоумење, луѓето што се во состојба да ги прифатат своите облини и се способни да живеат со нив, без да се нервираат – по правило се подобро расположени од другите и шират ведрина.

Близнаци (завидливост)

(“Завидливоста е основата на демократијата” – Б. Расел)

Вашиот владетел е дрскиот и интелигентен Меркур, детето – бог со крила на нозете, оној што ги разнесува информациите, големиот говорник со секогаш подготвена шега. Тогаш, како да ве обвиниме дека сте брбливци? Од вас извираат информации, секогаш сте упатени во сите социјални текови, а информации радосно ги пренесувате на вашите пријатели, роднини и колеги.

Завидливи сте? Можеби, ама на начин на кој децата ги издаваат нивните браќа и сестри со цел да ја добијат топката. Натпреварувачкиот дух е еден од главните мотиви кои ве поттикнуваат на развој и усовршување. Впрочем, зар не е во основата на демократијата да може секој да го достигне предметот на своите посакувања?

8596093783_ea2158d9a8_b

Рак (мрзливост)

(“Активноста на будалите е многу поштетна од мрзливоста на интелигентните” – М. Мацари)

Мир и опуштеност, по можност на палубата на некој брод или сончева плажа – тоа е вашиот идеал. И покрај тоа што оставате впечаток дека сте пасивни и ненаклонети на акција, дури и тогаш кога седите со скрстени раце и тогаш размислувате, мечтаете и собирате сили. Всушност, повеќе сте флегматични отколку мрзеливи, живеете повлечено за да се одбраните од надворешниот свет. Вашиот порок може да биде достоен за благодарност во овој свет, кој првенствено е насочен кон ефикасност и профит: вие сте фантазер кој своите соништа ги пренесува на другите. А, фактот дека сакате да спиете е оправдан и од медицински агол: оние што многу спијат – живеат подобро и подолго!

Лав (ароганција)

(“Подобро да се владее во пеколот, отколку да се служи во рајот” – Џ. Милтон)

Ако земеме во предвид дека со вашиот знак владее Сонцето, ѕвездата на која сите ние и го должиме животот, не е воопшто за чудење тоа што секогаш сакате да бидете во центарот на вниманието. Ја презирате просечноста толку многу, што сте во состојба да пешачите ако не можете да си дозволите луксузен автомобил. Се доживувате како посебни и не поднесувате некој да ви кажува што треба да правите, а што не треба да правите. Но, дури и вашиот порок има посебна општествена смисла: на светот му се потребни луѓе кои можат да го издржат стресот на управувачкото место, па дури ако треба само да им ги растераат одговорностите на оние кои делуваат од позадина.

Девица (себичност)

(“Секогаш има време за плаќање и за умирање” – анонимна поговорка)

Поборници на рециклажата, стратези на штедењето и економијата, експерти за продажба… Вие сте жестоки борци против галопирачките склоности на модерното општество кон конзумеризмот и трошењето на ресурсите. Вашата штедливост на луѓето кои се склони кон помодарство им оди по нерви, а спремни се дури и да ве обвинат за себичност. Растрошноста не е ваша карактеристика; вие сте уверени дека мислата чини многу повеќе од поклонот и дека ништо не треба да се фрли ако може да се закрпи, обои, да се замени или да се даде на помалиот брат. Од друга страна, под влијание на трговската планета Меркур, врзани сте за материјалното и конкретното и сметате дека големо богатство може да се стекне со штедење – денар по денар.

Вага (суета)

(“Дури и она што го нарекуваме совест , само е внатрешна суета” – Г. Флаберт)

Со самото тоа што со вашиот знак владее Венера, планетата на убавината и хармонијата, дури и ако вашата професија не е врзана за уметност, секогаш постои едно уметничко дело на кое работите и кое сакате секојдневно да го покажувате на публика – самите себе. Лесно е да ви се завиди, барем поради вниманието што си го посветувате на себе и на своето тело. Но, и најзлобните завидливци мораат да признаат дека вашиот став е здрав: сакањето на самите себе е предуслов за љубов кон другите. Зар го почитувате само надворешниот изглед? Не нужно: вие сакате да живеете отмено, а на насилството и вулгарноста се спротивставувате со убавина – возвишеното оружје што го омекнува сечие срце.

the_seven_deadly_sins__vanity_by_mariannainsomnia-d4yvjkh

Скорпија (похота)

(” Секој човек се состои од два дела, дух и тело. Но, телото се забавува многу повеќе” – В. Ален)

Ставот според кој сексот е грев или нешто што треба да се практикува тајно,го доживувате со препознатливо чудење: дали е возможно, тој нагон, без кој не би имало живот да се забранува со општествени правила? Дали постои нешто друго на овој свет што е поприродно, подостапно, а во крајна линија и поздраво? Го обожувате сексот и еротиката во сите форми и облици, па дури и атмосферата на забрани ќе ја употребите во своја корист – на тој начин што ќе внесете пикантна притаеност и игри. А , се разбира ќе додадете и врвни изведби, кои ќе спречат сексуалниот живот да прерасне во досада.

Стрелец (моралност)

(“Луѓето даваат добри совети кога веќе не можат да дадат лош пример” – Ф. Де Андре)

Вашиот идеалистички и авантуристички дух незадржливо ве поттикнува на рушење на границите и на истражување на нови места и култури. Таквиот пристап кон животот ве прави чувствителни на проблемите на човештвото: вие сте тип на човек кој радосно помага, со дело или со мудри совети. Во манирот на филозофите и духовните учители ја гледате вредноста на праксата пред теоријата, па не ја пропуштате можноста своите излагања да ги поткрепите со примери од животот, со цел да им помогнете на вашите ” ученици” да не ја повторат истата грешка. Вашата наклонетост постојано да се повикувате на правила му ја должите на вашиот владетел – Јупитер, оној што владее со правдата, господарот на зборот, науката и мудроста.

Јарец (егоизам)

(” Моќта ги расипува оние што ја немаат” – Г. Андреоти)

Ладниот, амбициозен и строг Сатурн, ве подучил дека е важна суштината на моќта, а не нејзината форма; поради тоа сте насочени кон остварување на конкретни резултати, надминувајќи ги притоа препреките со ладна одлучност. Патот до целта води преку фокусираноста на себе и саканите резултати; а за тоа како да се биде широкограден и чувствителен ќе размислувате подоцна! Дури кога убаво ќе се сместите на самиот врв, им подавате рака на оние што се искачуваат – се разбира, со претпоставка дека немаат доволно капацитет да ве стигнат. Но, и вашиот порок има позитивна страна: во тешките моменти вие сте засолниште, карпа за потпирање, светилник во маглата, неповредливиот принцип на реалноста.

7_sins_by_mskycarmen-d62zjrw

Водолија (тврдоглавост)

(“Гласното смеење може да ве закопа” – анонимна поговорка)

Тие што ве познаваат многу добро знаат: за да ве натера некој нешто да направите, доволно е да ви рече да не го направите. Родени под патрон на Уран, планетата која владее со револуциите, драстичните промени,слободата и иднината, од раното детство сте бунтовник кој се спротивставува на нормите и воспоставените општествени правила. Како што сте ексцентрични, ги обожувате расправиите, а критиката ја сметате како неопходна компонента за функционирањето на демократското општество. Смислата на вашиот порок е да ја протресете заспаната свест и совест на човештвото. Благодарејќи на тоа што вие сте тие, кои со прст покажуваат на настаните и непроменливите” вистини ” кои луѓето ги прифаќаат без размислување – светот континуирано оди напред!

Риби (неодреденост)

(“Стварноста е само илузија, и покрај тоа што е постојана илузија” – А. Ајнштајн)

Самата помисла да се има план и точно да се знае каде, што и зошто, ја отфрлате без размислување; вие не сакате да бидете врзани со обврски од кои тешко може да се избега, а одреденоста не ја доживувате како сигурност, туку како загуба на слободата. Да си ја признаеме вистината – вие не сте толку збунети и заборавени како што навидум изгледате. Вие само сакате да ја играте играта на вашиот владетел Нептун, а во избраната улога, толку многу знаете да се соживеете, што и самите заборавате дека во прашање е само игра. И навистина, да ве нема вас за да ги потсетувате луѓето дека два и два не мора секогаш да бидат четири, светот би бил подосаден, посиромашен, ама и ” згрешен”.

7-deadly-sins-morgan-spurlock-showtime-tv-reviewhhghgh

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma