Хороскоп: Каков е вашиот избраник, што сака вашата сакана личност и како да ја освоите…

popara11 април, 20154min00
1

Овен

Овновите се луѓе кои постојано бараат акција и партнер кој ќе може да го следи нивниот брз живот. Секогаш сами превземаат иницијатива, не се срамат да го направат првиот чекор и секогаш знаат што сакаат, поготово во кревет. Партнерот мора да биде доволно јак за да може да му се спротивстави, но и трпелив за да
може да ги поднесе сите темпераментни активности и авантури на кој ќе биде подложен. Познати се како освојувачи за брзо време и не ја пропуштаат можноста која им се укажува. Брзо се “палат” кога некој им се допаѓа, но и многу брзо се ладат и лесно забораваат. Со текот на годините повеќе ја ценат љубовта и кога вистински ќе се заљубат се верни партнери на кои можеш да им се довериш.

Омилен мирис: парфеми со мирис на ванила
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: црвена
Место за водење љубов: теретана, базени, стадиони
Омилена храна: тестенини
Афродизијак: ванила
Ерогени зони: околу усните, вратот
Цвеќе: лале

Бик

Биковите се бескрајно романтични, но подеднакво сакаат страствена врска и авантура. Лесно можете да ги освоите со изглед и слатки зборови за да им го подигнете егото, но вистински ги привлекуваат мускули и добар парфем. Имено, Биковите сакаат се да пробаат, помириснат и допрат па добриот парфем е неопходен.

За успешно партнерство со Бик треба да имате многу големо трпение. За да започнат сериозна врска им треба многу време да размислат, но кога конечно ќе се одлучат за една личност, подготвени се да направат се за да имаат мирна врска или брак. Сексот им е многу важен и за него одвојуваат многу време.

Омилен мирис: интезивни парфеми со ориентални нијанси
Кој им одговара? Биковите имаат добра врска со Јарци и Девици. Најдобри пријатели бараат во Раковите, додека Водолиите ги фасцинираат, но поради различниот карактер, не можат да се сложат.
Боја со која освојува: виолетова
Место за водење љубов: парфимерии, ресторани
Омилена храна: пршута
Афродизијак: масло во комбинација од маслиново масло, ментол и темјан
Ерогени зони: врат, раменици, образи
Цвеќе: јоргован

Близнаци

Типичните Близнаци ретко дочекуваат старост со првиот партнер со кого стапиле во сериозна врска или брак. Иако сакаат мир и сигурност, не поднесуваат досада и имаат потреба за промена на партнерите. Созревајќи може да станат верни, но многу тешко одолее на предизвиците.

Поради желбата за промени бараат партнер кој е подготвен да помине низ различни турбуленции, а со текот на времето учат дека љубовта и сигурноста вредат повеќе од предизвиците и новостите.
Близнаците брзо запознаваат нови луѓе и така нови пријателства и врски. Најмногу ги влечат весели луѓе кои покажуваат љубопитност и кои се спремни за дискусија. Тие се мајстори за забава за една вечер.

Омилен мирис: цветен со нијанси на лимон
Кој им одговара? Најдобро се сложуваат со Ваги и Водолии, додека бурни односи имаат со Лавовите, а никако не може да ги смислат Шкорпиите и Рибите кои се премногу чувствителни
Боја со која освојува: светло сина, жолта
Место за водење љубов: на пат
Омилена храна: суши
Афродизијак: кавијар
Ерогени зони: гради, рацет
Цвеќе: магнолија

Рак

Раковите сакаат да се впуштат во авантура за една ноќ, но потајно се надеваат дека ќе ја сретнат љубовта на животот, принцот на белиот коњ. Истоврмено се љубоморни и великодушни па склони се кон постојано менување на расположение. Саканата особа спремни се да ја носат на раце, но поради најмала ситница  можно е веќе утре да ја одбијат.

Типичен рак можете да освоите со нежни и романтични сигнали, кои ќе им дадат доволно храброст да се препуштат. Копнежот за доверба и нежност кај раковите е далеку по изразен отколку кај другите знаци па нив е најлесно да ги воодушевите со едноставна вечера на свеќи и разбирање. Покрај авантурите, тежнеат кон постојани врски затоа што не сакаат да бидат сами во животот.

Омилен мирис: женствен, цветен мирис
Кој им одговара: Најдобро си одговараат со Шкорпија и риби, добро се сложуваат со бикови, а никако не одговараат со овни
Боја со која освојува: сребрена
Место за водење љубов: езеро, море, прошетка, пикник, набљудување ѕвезди
Омилена храна: салата со шкампи, ореви
Афродизијак: целер
Ерогени зони: гради, уши
Цвеќе: лилјан, ирис

Лав

Совршената комбинација од заводлив талент и ловечки инстинкт го прават Лавот посакуван и неодолив. Кога ќе успее да ги сокрие “канџите” и со разум да го победи нагонот за импулсивни реакции, води мирен живот и се труди да ја усреќи личноста за која се грижи.

Заљубените Лавови се нежни, дарежливи и лојални, а поради честите непромислени акции, често се одлучуваат на брак дури и по кратка, страствена врска. Лавот сака да освојува и да да превзема иницијатива, па не смеете да му се нудите како лесен плен. Ако партнерот му досадува постојано, Лавот може брзо да изгуби интерес.

Омилен мирис: ретки и одбрани мириси
Кој им одговара? Со неограничена енергија Овновите најмногу си одговараат со Лав и Близнаци. Долги пријателства можат да имаат со Водолија.
Боја со која освојува: златна
Место за водење љубов: зоолошка градина, шума
Омилена храна: бифтек
Ерогени зони: нозете
Афродизијак: тартуфи
Цвеќе: сончоглед

Девица

Девиците најповќе се дружат со културни и образовани луѓе, а нови пријателства и контакти остваруваат многу внимателно и по детална анализа. Повлечени се и не ретко се затвораат дома, па им е потребен партнер кој ќе им ја разбие монотонијата. Ги привлекуваат убаво оформени мускули и длабоко деколте, сакаат весел дух и богато животно искуство.

Бараат посветен и оптимистички партнер во кој ќе имаат многу доверба со оглед на тоа да и тие самите не се толку уверени во сопствените способности. Тие сексот го сметаат за најприродната работа на светот, а за добра врска и брак треба многу повеќе од авантура и површни работи.

Омилен мирис: едноставни, благи мириси
Кој им одговара? Девиците ги обожаваат Биковите и Шкорпиите, додека Близнаците ги нервираат и ги сметаат за неискрени.
Боја со која освојува: Сива
Место за водење љубов: музеј, книжара, кино
Омилена храна: њоки
Афродизијак: качунка
Ерогени зони: лактови, колена, папокот
Цвеќе: гарденија

Вага

Шармантните Ваги се добродојдени гости на сите забави. Секогаш се во тек со најновите случувања и точно знаат што се случува наоколу. Атрактивни се и љубезни па секогаш имаат многу обожаватели и понуди околу нив. Вагите ги ценат внатрешните вредности, но сепак им е важен и надворешниот изглед.

Многу внимание посветуваат на естетика, ја следат модата и луксузот, а истото го бараат и од другите. Поради високите очекувања тешко пронаоѓаат партнери за подолга врска, но кога ќе ја најдат личност нивната исклучителна адаптибилност им овозможува да ја одржат онаа врска која ќе ја започнат. Никогаш целосно не затвораат врата пред нови познанства па оние кои ги обожуваат никогаш не се сигурно во тоа дали ги освоиле или не.

Омилен мирис: сите ексклузивни парфеми
Кој им одговара? Со Лав може да си ја остварат желбата за живот полн со луксуз. Квалитетни односи развиваат со Близнаци и Водолии кои се поденакво адаптибилни, додека Овновите им се премногу груби, а Раковите премногу чувствителни.
Боја со која освојува: сите нијанси на розевата боја
Локација за љубов: трендовски и монденски места
Омилена храна: лосос
Афродизијак: пиперка
Ерогени зони: нозете, колковите, стомакот
Цвеќе
: ружа, каранфил

Шкорпија

Животното мото на Шкорпијата е “се или ништо” па подобро времето да го потроши сам отколку на површни работи и односи. Тивка е, но е многу суптилен осовојувач кој е упатен во сите тајни на заведувањето и знае како да пружи незаборавно сексуално уживање. Шкорпијата можете да ја освоите со билети за концерт на класична музика или со карти за патување во некој од европските градови кои се престолници на културата.

Шкорпијата бара целосна посветеност и внимание од партнерот, љубоморна е и не поднесува конкуренција. Поради стравот од покажување емоции во некои моменти се чини за премногу ладен, а во друга ситуација е комплетно различен и страствен. Овој знак сака лојалност и искреност, а неверството не го заборава ниту пак го опростува.

Омилен мирис: интезивни и необични мириси, цимет
Кој им одговара? На Шкорпиите им годат нежните Ракови и Риби, додека Лавовите на почетокот им се интересни, но потоа им здодеваат. Не се сложуваат со Бикови.
Боја со која освојува: Црна
Место за водење љубов: музеј, концерт, патување
Омилена храна: смокви
Афродизијак: рузмарин
Ерогена зона: задникот
Цвеќе: Орхидеја

Стрелец

Модниот зависник – Стрелецот ретко пропушта шанси кои животот му ги пружа. Поденакво бара љубов и забава за една вечер, но искрено верува во среќен крај во стилот на Холивуд приказните. На Стрелците обично им е потребно подолго време за да ја пронајдат вистинската љубов, бидејќи тие тешко го подаруваат своето време и тело, а уште потешко срцето и чувствата.

Потребата за слобода кај Стрелците е во постојан конфликт со љубовниот живот, желбата за стабилност лесно може да прејде во страв од сериозна врска. Стрелецот сака високо ниво на адреналин па може да се воодушеви од лудо возење на мотор или “банџи џампинг”. Долг, но сигурен пат до неговото срце е преку пријателството.

Омилен мирис: комбинации со мошус
Кој им одговара? Успешни врски може да имаат со Овнови, Лавови и Водолии, а голем проблем се јавуваат во односите со Девици.
Боја со која освојува: бордо
Место за водење љубов: луксузен хотел
Омилена храна: шкампи
Афродизијак: вербена
Ерогена зона: надколеници
Цвеќе: Бегонија

Јарец

Процесот на созревање кај Јарецот обично трае многу долго. Во младоста е разигран и неоптеретен, но затоа води богат сексуален живот во годините кога другите веќе не размислуваат за најубавата работа на светот. Бракот го чини Јарецот топол и посветен родител, додека самците повеќе се ориентирани на кариера и успех. Песимистичкиот поглед на светот е црната карактеристика на која потенцијалниот партнер мора да се навикне.

Јарците имаат големи очекувања и од себе и од другите, па сепак никогаш не се задоволни. Сакаат амбициозни луѓе, а нивната доверба најмногу може да се придобие со сериозен разговор за заедничка иднина.

Омилен мирис: сандалово дрво
Кој им одговара? Биковите и Девиците се добри партнери за Јарците, а Стрелците сепак им се премногу авантуристи за иден заеднички живот
Боја со која освојува: сите земјени бои
Место за водење љубов: голф терени
Омилена храна: филети од најубавото месо
Афродизијак: каранфил
Ерогена зона: колена
Цвеќе: Нарцис

Водолија

Водолиите по правило треба да се држат на јаже. Иако живеат за љубов, им треба доволно простор и слобода за да ги оствари сите своие креативни идеи и планови. Сакаат се што е необично и немирно, ги фасцинираат контраверзни личности, а контакти ги прави под многу необични околности.

Сите оние кои се луде заљубени во Водолија, мораат да имаат на ум дека таа не може без промени и повремени изненадувања. Не очекуваат огномет и романтична вечер секој ден, но монотонијата им оди на живци. Водолиите се одлични во кревет, ги мрзат ритуалите и ги прескокнуваат сите вообичаени пози.

Омилен мирис: мистичен, необичен, портокал или лубеница
Кој им одговара? На водолиите најповеќе им одговараат Близнаците и Вагите бидејќи и оставаат доволно простор, со Стрелците се можни возбудливи авантури, а подаелку се држат од Лавовите.
Боја со која освојува: сина
Место за водење љубов: планетариум, концерти
Омилена храна: манго, папаја, пилешко
Афродизијак: женсен
Ерогени зони: потколеници и листовите
Цвеќе: кактус, ирис

Риби

Таинствените риби знаат како да ги заинтригираат другите и да остават впечаток на неизвеност. Никој неможе да знае со сигурност дали се вистински заљубени или не, а понекогаш ни самите не се сигурни во своите чувства. За љубов сонуваат и денски така што им  е потребен некој кој ќе ги спушти повторно на земја. Дури по подолго време му се препуштаат целсно на партнерот, а во врска бараат многу нежност и трпение.

Можете да ги освоите со нежност и зрелост. Не се склони кон превземање иницијатива затоа што се срамежливи и премногу сакаат кога ги освојуваат. Најмногу од се уживаат во дочекување на зајдисонцето со партнерот, убав разговор во романтична атмосфера.

Омилен мирис: таинствен, јасмин
Кој им одговара: Рибите се сложуваат со Јарци и Ракови, а никако со Девици и Бикови
Боја со која освојува: сина, лила
Место за водење љубов: саем, црква, продавници
Омилена храна: телешко
Афродизијак: анасон
Ерогени зони: нозе, стапала
Цвеќе: мимоза, орхидеа

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag