Хороскоп: Колку долго ќе трае вашата врска?

popara24 мај, 20151min00
7

Ако се прашувате колку долго ќе трае вашата врска или зошто со години не можете да се врзете за еден човек, хороскопот ќе ви даде точен и прецизен одговор.

Овен – Си оди штом страста исчезне

Припадниците на овој знак се заљубуваат брзо и со цело срце. Врската со нив е динамична, а нивните чувства се длабоки. Често пати се непромислени, расправиите им се секојдневие, па магичниот круг на кавги и смирувања може да трае прилично долго, односно, додека не исчезне страста. Штом тоа се случи, Овните раскинуваат.


Бик – Не сака да остава

За овој знак може да се каже дека е најлојалниот помеѓу сите. Не се врзува за секој, а оној човек кој ќе го пуштат блиску до себе, го чуваат до крајот на животот. Сепак, многу важно им е каков секс имаат.


Близнаци – Не остава, но дава причина за другиот да прекине

Во суштина се лојални и не сакаат раскинувања, но својот партнер знаат да го тестираат до крајните граници на љубомора. Понекогаш ги мачи флертувањето со другите, па така на партнерот му даваат причина за да ги остави. Единствено ќе ги смирите ако им најдете долгорочна занимација.

Рак – Најсреќен е ако има еден партнер за цел живот

Не ги сакаат сомнежите, несигурноста и неизвесноста во љубовта. Склони се кон долги врски, а неретко остануваат и со првата љубов. Сепак, знаат да бидат прилично љубоморни и несигурни, заради што го одбиваат партнерот. Во бракот се верни до крај.


Лав – Врските им траат од 1 до 2 години

Припадниците на овој знак внимаваат со кого започнуваат врска и не се заљубуваат веднаш. Но, откако ќе се предадат се страствени. Во природата им е работите брзо да им досадуваат, па нивните врски обично траат од 1 до 2 години.


Девица – Ја цени сигурноста

Во љубовните односи најмногу ужива додека освојува. Способни се да бидат верни, затоа што не се премногу фокусирани на сексот. Се смируваат кога од еден партнер ќе добијат емотивна и материјална сигурност.

Вага – Долгите врски им започнуваат преку пријателство

Еден од најискрените знаци чии љубовни врски обично се темелат врз долги пријателства. Се смируваат со еден партнер само ако тој ги задоволува во сексот, но и ако тој се помири со нивната слобода за дружење и запознавање нови луѓе.


Скорпија – Еден од најлојалните знаци

И покрај тоа што ги води еротска енергија, Скорпиите се лојални. Харизматични се и привлечни, па затоа нивните партнери се соочуваат многу љубовни предизвици и љубомора. Скорпиите стапуваат во врска само со луѓе во кои имаат целосна доверба.


Стрелец – Долго размислува пред да се врзе

Неодлучни се кога се работи за емоции, па често пати ни самите не се сигурни во своите љубовни избори. Тешко се врзуваат и постојано имаат нови желби. Се смируваат само покрај партнер кој им ја дава неопходната слобода. Склони се кон изневерување, но знаат добро да се сокријат.

Јарец – Апсолутна верност

Припадниците на овој знак се традиционални и тешко се врзуваат за некој, но ако го направат тоа, веруваат дека ќе трае до крајот на животот. Од својот партнер очекуваат бескрајна верност и добар секс. Децата се лепакот кој го држат Јарецот во брак.


Водолија – Потребни и се предизвици за да остане

Тешко остануваат со луѓе кои не им се доволно интересни. Различноста за нив е рецептот за среќен живот, но сепак се случува да се заљубат и предадат. Остануваат со еден човек под услов да не се прилагодуваат премногу.


Риби – Најверни помеѓу хороскопските знаци

Олицетворение на моногамијата и верноста, Рибите би сакале кога цел живот би го поминале со само еден партнер. Во љубовта се упорни, романтични, а од врската може да си заминат само кога ќе се соберат премногу фрустрации за кои нема решение.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag